Во својата 30-годишна кариера, професионално има обучено над 3.000.000 менаџери за продажба ширум светот; додека денес 35.000 корпорации ги применуваат токму неговите продажни техники, а лично обучува 10.000 менаџери за продажба секој месец. Во годината настапува на повеќе од 75 конференции во САД, Канада, Јужна Америка, Кина, Австралија, Нов Зеланд, а дека годишниот приход станува месечен, за него сведочат успешните приказни на неговите клиенти.
Автор е на 14 бестселери, меѓу кои првата “How to Master the Art of Selling” е распродадена во над 1,6 милиони примероци и станува задолжителна литература за светски компании и универзитети.
Воден од мотото Просечното човечко суштество има способност да постигне речиси сè, застанува и останува на врвот.
Том Хопкинс е легенда за продажба. Го препознаваат како светскиот водечки авторитет во продажни техники и # 1 Светски тренер за продажба.
„Многумина веруваат дека природната способност е доволна за успех во продажба. Но вистината е дека природниот талент, комбиниран со практичен тренинг кој дава знаење срочено од 30-годишно искуство, кое успеало на стотици пазари и илјадници компании, е вистинската тајна за висок степен на продуктивност“.

Сознавајќи ја оваа лекција на потешкиот начин, Том признава дека неговите први години во бизнисот за продажба не биле успешни. На 19 годишна возраст почнува да работи во бизнисот за недвижности. Првите шест месеци продал само една куќа која му обезбедила 42 долари месечен надоместок. Почнал да ја троши и својата заштеда кога во неговата канцеларија пристигнал човек кој промовирал тридневен тренинг семинар за продажба со J.Douglas Edwards. Одлучил да го инвестира остатокот од заштедата во програмата.
Набргу сфатил дека продажбата е научена вештина, и бил толку инспириран од г-дин Едвардс, што станал негов најстрасен ученик, присуствувал на семинари, читал негови книги за продажба и инвестирал во неколку плочи за самоподобрување. J.Douglas Edwards му станал ментор на Том. Откако ја завршил професионалната обука, почнал да ги усвојува и усовршува техниките за продажба, кои му овозможиле да стане лидер за продажба во неговата индустрија.
Користејќи сѐ што научил, Том на 27 годишна воздраст станува милионер и најдобар продавач во бизнисот за недвижности. Неговиот рекорд за продажба и после толку години, сѐ уште не е надминат. Последната година како продавач на недвижнини продал 365 куќи за 365 дена во годината. Во период од 6 години склучил 1.553 трансакции за недвижнини.
Гледајќи како на луѓето им се разјаснуваат работите откако ќе ја слушнат неговата порака, кај него се појавила желба да им помогне на поголем број да научат како професионално да продаваат.

Потоа Хопкинс работел како ментор на многу продажни менаџери и сопственици на бизниси, а бил вклучен во директната продажба на многу компании за кои работел како консултант, директен креатор на продажниот пристап и тренер. Неговите продажни техники ги применуваат 35.000 корпорации како своја интерна тренинг програма. Тој помогнал на повеќе од 3 милиони продажни професионалци кои со негова помош ги надминале своите продажни планови и станале шампиони за продажба според методологијата на веќе легендарниот Том Хопкинс, кој следствено го добил епитетот Број 1 експерт за продажба во светот и Креатор на Продажни Шампиони.

Кредибилитетот на Том лежи во неговото практично искуство и лични брилијантни резултати во директна продажба, но и исклучителната способност на егзактен и едноставен начин ги формулира и пренесе тактиките за унапредување на личниот перформанс и трансформирање од продажен професионалец во продажен шампион, кој низ годините умешно ги пренесува на своите клиенти и учесници на обуки. Лично има обучено над 3 милиони продажни професионалци на пет континенти. Неговите книги за стратегии и тактики за продажба се продадени во над 2,5 милиони примероци и се сметаат за нужна референца за денешните продажни професионалци.
Том е автор на 14 книги, Вклучувајќи ја How to Master the Art of Selling™ и Selling for Dummies™. Неговата прва книга Како да се усоврши уметноста на продажба е експресно продадена во над 1,6 милиони копии и е преведена на повеќе од 10 јазици.

Како бизнис сопственик, професионален спикер и тренер, Том Хопкинс ја има зачувано неговата посветеност и цврсто верува дека секој може да профитира користејќи ги неговите докажани техники, идеи, концепти и вредности. Доказ за сето ова е тоа што се повеќе корпорации ги користат неговите техники, а се повеќе искусни професионални ги посетуваат неговите обуки за да дознаат нешто ново.
Редовен колумнист во The New York Times, U.S. News and World Report, The Los Angeles Times, Selling magazine, Personal Selling Power, Entrepreneur magazine, People magazine, The Washington Post, etc.


















